DOBRO DOSLI!

DOBRO DOSLI NA MOJ BLOG, SVI VI KOJI VOLITE NASEG ANDJELA TOSETA PROESKOG! Nadam se da ce vam se svideti moj blog... ♥ ... Komentarisite, molim vas!


Tose, zauvek si u mom srcu.... tu ces i ostati! ♥

субота, 6. октобар 2012.

"Ѕвездено небо на Тоше"
Со мултимедијален хепенинг под мотото „Биди и ти дел од ѕвезденото небо на Тоше“ во организација на Интернационалниот Тоше Проески фан-клуб форум, вечерва на плоштадот „Македонија“ во Скопје се одбележа петгодишнината од последниот концерт на македонска музичка ѕвезда.
Беа емитувани видео спотови на Тоше, негови концертни настапи, а беше прикажан и видео запис кој до сега не е емитуван за јавноста.
Последниот концерт Тоше го одржа на Градскиот стадион во Скопје на 5 октомври 2007 година. Тогаш посака, на овој датум, секоја година, да биде заедно со своите фанови, да ужива, да ја слави музиката и да го трасира патот на хуманоста.
- Можеби судбината го направи своето, но фановите не дозволуваат неговата желба да падне во заборав, истакнуваат од Интернационалниот Тоше Проески фан-клуб форум.











Денеска од 10 до 18 часот во просториите на фондацијата „Никола Кљусев“ традиционално се одржа и крводарителска акција под мотото „Јас штотуку спасив живот, а Вие?“, организирана од Интернационалниот Тоше Проески фан-клуб форум и Црвениот Крст на Град Скопје, поддржана од Меѓународната фондација „Тоше Проески“.

Нема коментара:

Постави коментар