DOBRO DOSLI!

DOBRO DOSLI NA MOJ BLOG, SVI VI KOJI VOLITE NASEG ANDJELA TOSETA PROESKOG! Nadam se da ce vam se svideti moj blog... ♥ ... Komentarisite, molim vas!


Tose, zauvek si u mom srcu.... tu ces i ostati! ♥

уторак, 21. август 2012.

Државата подготвена да го уреди гробот на Тоше

Пари за изградба на споменик на гробот на трагично загинатата мегаѕвезда, Тоше Проески сепак ќе има, дознава Курир од блиски извори во Министерството за транспорт и врски.


Иако со последниот ребаланс на буџетот беше избришана ставката со која се предвидуваше 1 милион денари да се употребат за изградба на споменик на гробот на Тоше Проески, сепак според псоледните информации Владата ќе ги обезбеди потребните средства за таа намена.
Како што дознава Курир, Владата на Република Македонија е подготвена да го уреди вечното почивалиште на Тоше Проески во мермер по избор на  семејството Проески. Според нашиот извор, министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески неодамна остварил посета на семејството Проески и во рамките на истата, помеѓу останатото се разговарало и за уредување на вечното почивалиште на Тоше.
При средбата министерот Јанакиески ја искажал подготвеноста на Владата, со оглед на величината на делото кое го остави Тоше, надгробната спомен плоча да биде на изглед согласно христијанските канони и по примерот на оние за народните херои кои својот живот го вградиле како највисок идеал за слободна Македонија.
Владата на Република Македонија и до сега инвестираше во низа проекти, се со цел да се оддаде признание и благодарност за сето она што Тоше и го остави на нашата држава.
Во родното Крушево се изгради Спомен куќа на Тоше Проески, која го доби статусот на национална установа од највисок интерес на државата, објект во кој низ целиот процес на изградба е вложена голема посветеност и љубов на сите оние кои беа вклучени и кои придонесоа до нас да се доближи неговиот животен пат и неговите уметнички достигнувања. Овој монументален по големина објект, еквивалентен на делото на Тоше,  досега го посетија над 150.000 посетители. На достоинствен начин, споменот на нашата музичка ѕвезда се одбележа и со изградбата на патот до манастирот Св. Преображение, како и патот од манастирот до крстот, проекти кои ги реализираше Министерството за транспорт и врски.
Исто така, Министерството за култура континуирано ја дава својата поддршка за реализацијата на традиционалниот концерт во  чест на Тоше Проески организиран од страна на Фондацијата Тоше Проески како и за сите проекти и активности на НУ „Спомен куќа на Тоше Проески“ преку Годишната програма на Министерството за култура. Министерството ја помогна и реализацијата на документарниот филм „5 години Балкан“ како и издавањето на албумот на Тоше на необјавени песни на англиски јазик. Неодамна беше промовирана и Монографијата за Спомен Домот во која се илустрирани сите сегменти од изградбата на овој значаен објект, кој освои повеќе светски признанија.
Повеќе општини, со изградба на паркови, фонтани, како онаа во општината Аеродром и именување на улици се вклучија во зачувувањето на споменот на овој наш голем уметник, а неодамна на мостот на уметноста, во центарот на Скопје беше поставена и биста на Тоше Проески.
Тоше Проески, со својата креативност и непосредност ја афирмираше културата на нашата држава. Неговиот лик, дело и почитта кон него ќе останат силно да живеат во нашите сеќавања. Токму поради високите човечки квалитети, вредности и уметничките достигнувања на Тоше Проески.

Нема коментара:

Постави коментар