DOBRO DOSLI!

DOBRO DOSLI NA MOJ BLOG, SVI VI KOJI VOLITE NASEG ANDJELA TOSETA PROESKOG! Nadam se da ce vam se svideti moj blog... ♥ ... Komentarisite, molim vas!


Tose, zauvek si u mom srcu.... tu ces i ostati! ♥

петак, 4. мај 2012.

Опра Винфри и Ал Пачино се дел од листата на желби на режисерот за новиот филм кој ќе се снима за животот на Тоше Проески во Холивуд. Битолчанецот Јорго Огненовски кој преку 20 години работи во Холивуд и веќе има неколку проекти зад себе, вели дека ќе снима филм за нашиот Тоше, пренесува Нова Македонија.

tose-holivud
Јорго Огненовски вели дека сака тоа да биде голем проект и дека со мал буџет од 100 до 500 илјади евра не е задоволен, па ќе се потруди ова да биде вистински скап проект, а во филмот ќе глумат вистински холивудски фаци.
Огненовски за Нова Македонија вели дека цени тоа што рекламите на CNN направија за презентација на Македонија, но исто така смета дека она што „Пред Дождот“ на Милчо Манчевски направи за Македонија, ниту една реклама не може да го направи.
Тој вели дека Холивуд во последно време бара локации низ Балканот за снимање на своите филмови бидејќи е многу поефтино, а многу филмови се снимаат во Бугарија, Србија, Босна... па зошто и Македонија да не се најде на нивната карта.
Во врска со новиот филм којшто тој го подготвува, вели дека се бараат силни соработници и снимањето ќе започне. Сценариото е веќе напишано, а се движи околу младо момче на десетина години кое доаѓа во домот за сираци во Битола. Потоа млада брачна двојка од САД го посвојува, а неговата дарба за пеење ќе го однесе до светска слава.
Чекаме филмот да се реализира, па да видиме како сето тоа ќе изгледа.

Нема коментара:

Постави коментар